Борел од Скопје: Лавров да му каже на Путин дека ОБСЕ и ЕУ остануваат обединети во осудувањето на незаконско и агресивното однесување на Русија

Жозеп Борел, висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, откако посочи дека често е во Македонија годинава, остро го искритикува рускиот претседател Владимир Путин. Борел кажа дека министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров треба да ги чуе пораките и да ги пренесе во Русија, особено за тоа, зошто таа земја е изолирана.

„Русија се обидува да го поткопа постоењето на ОБСЕ и нејзиното постоење. Јас сфаќам дека некои земји не беа рамнодушни на поканата за Лавров, бидејќи Русија започна незаконска војна. А сепак, да дозволите Лавров да учествува, е во дел од нашата цел, да го одржиме мултилатеризмот жив. Лавров треба да чуе зошто ја изолираме и осудуваме Русија. Треба да чуе од учесниците зошто Русија е изолирана. Тогаш ќе може да се врати во Кремљ и да му каже на господарот на Кремљ“, рече Жозеп Борел, висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија.