„Србите од Косово, како и сите други граѓани, ќе можат да патуваат од Косово во Србија и обратно со лични карти. ЕУ штотуку доби гаранции од премиерот Албин Курти за ова прашање. Ова е европско решение. Им честитаме и на двајцата лидери за оваа одлука и за нивното раководство“, напиша Борел на Твитер.
Борел во својата објава не го спомена прашањето за регистарските таблички, што е исто така спорно во односите меѓу Србија и Косово. Србија и Косово постигнаа договор за спорното прашање за личните документи, напиша попладнево на Твитер комесарот за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Жозеп Борел, посочувајќи дека договорот е постигнат со посредство на ЕУ, јави РСЕ.
Борел објави дека Србија се согласила да ги укине документите за лицата со лични карти од Косово, додека Косово да не ги воведува за лицата со лични карти од Србија.
„Србите од Косово, како и сите други граѓани, ќе можат да патуваат од Косово во Србија и обратно со лични карти. ЕУ штотуку доби гаранции од премиерот Албин Курти за ова прашање. Ова е европско решение. Им честитаме и на двајцата лидери за оваа одлука и за нивното раководство“,
напиша Борел на Твитер.
Тој во својата објава не го спомена прашањето за регистарските таблички, што е исто така спорно во односите меѓу Србија и Косово. Претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, на истата социјална мрежа ги пофали напорите на специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, и американската дипломатија за вклученоста во постигнувањето на договорот.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како што пишува РСЕ, претходно во текот на денот изјави дека се надева оти ќе може да се постигне договор за документите и оти ЕУ ќе даде гаранции за тоа, додавајќи дека Србите од Косово не можат да припаѓаат на визниот режим.
Како што рече, Србија е подготвена да издаде општо „одрекување“ во кое ќе се наведе дека дозволува употреба на лични карти издадени од Косово, но дека тоа се прави само за да се олесни слободата на движење на поединците и дека тоа не може да се толкува како на признавање на независноста на Косово, не го прејудицира конечниот статус на Косово и не претставува повлекување на Србија од резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации.
Вучиќ додаде дека очекува гаранции од ЕУ за два до четири дена и дека тоа ќе им овозможи на Србите од северот на Косово да влезат и излезат од територијата со документи издадени од Србија.
Кога се во прашање регистарските таблички, српскиот претседател кажа дека не гледа шанса за договор со Косово, додавајќи дека властите во Косово ќе почнат да ја спроведуваат одлуката за пререгистрација на возила од 1 септември, но дека рокот за тоа е два месеци.
Владата на Косово претходно најави дека од 1 август ќе ја спроведе одлуката за пререгистрација на возилата со српски регистарски таблички во РКС – Република Косово, како и одлуката за издавање влезно-излезен документ на граница.
Одлуката на косовската Влада предизвика зголемени тензии во регионот кога Србите од Косово со барикади ги блокираа патиштата на северот на земјата, по што спроведувањето на одлуката беше одложено за еден месец, односно за 1 септември.