Борел му порачал на Вучиќ дека смета на Србија како на искрен кандидат!
Жозеп Борел – високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност во разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ рекол дека сака да смета на Србија како на искрен кандидат и сигурен европски партнер со заеднички принципи и вредности, безбедност и просперитет.
Тој на Твитер напиша дека со Вучиќ разговарал и за „важната работа која е пред ЕУ и Западен Балкан“.
Според Борел, тема на разговорите биле регионални прашања, Босна и Херцеговина, како и важноста на претстојните избори што ќе се одржат во земјата на 2. октомври.