Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека на денешната средба на министрите за надворешни работи на земјите – членки на Унијата ќе се разговара за „неприфатливите“ активности на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Борел посочи и дека ќе се разговара и за „неприфатливите“ позиции на Унгарија за улогата на ЕУ во Украина.
Според него, земјите-членки на ЕУ мора да дебатираат за тоа пред да донесат евентуална одлука каков став да заземат за унгарското претседавање со ЕУ во следните месеци.