Борел: Косово и Србија се договорија за анекс за спроведување на договорот

Високиот претставник на Европската унија, Жосеп Борел, изјави дека Косово и Србија постигнале договор за спроведување на европскиот предлог за нормализација на односите. Имено, тој рече дека Србија и Косово договориле анекс на имплементацијата на договорот на патот кон нормализирање на односите меѓу двете страни.

По средбата во Охрид, тој рече дека двете земји се договориле да ги почитуваат сите точки и сите ќе ги спроведат.

Тој го спомна и членот 7, за кој многу се разговарало за „Самоуправување на српската заедница на Косово“.

„За членот 7 – Косово се согласи да започне веднаш, а кога велам веднаш, мислам веднаш, преговори за воспоставување аранжмани и подготовки за да се обезбеди вистинско ниво на самоуправа на српската заедница“, рече Борел.