Жозеп Борел – високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност и Оливер Вархеји – еврокомесарот за проширување денеска ја започнуваат дводневната посета на Црна Гора каде што ќе учествуваат на седницата на Советот за стабилизација и асоцијација на ЕУ и Црна Гора и ќе разговараат со највисоките државни функционери.
Посетата ќе биде можност да се разгледаат билатералните односи меѓу ЕУ и Црна Гора во согласност со Спогодбата за стабилизација и асоцијација и да се разговара за последните случувања во Црна Гора и Западен Балкан, соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).
Борел денеска во Подгорица ќе претседава со 11-от Совет за стабилизација и асоцијација на ЕУ и Црна Гора.
Црна Гора ќе ја претставува премиерот Дритан Абазовиќ, а Европската комисија ќе ја претставува комесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји.