Борел: Зборував со Курти за дијалогот, важна е стабилноста на Балканот

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, денеска соопшти дека разговарал со премиерот на Косово Албин Курти за следните чекори во дијалогот меѓу Белград и Приштина и порачал дека обезбедувањето стабилност и безбедност во Западен Балкан е важно во сегашниот геополитички контекст.

„Добриот разговор со премиерот Албин Курти за следните чекори во дијалогот со посредство на ЕУ. Обезбедувањето стабилност и безбедност на Западен Балкан е уште поважно во сегашниот геополитички контекст. Ќе продолжиме да работиме на сеопфатна нормализација на односите“, објави Борел на Твитер.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Мирослав Лајчак пристигна во нова, ненајавена посета на Приштина, каде што ја започна средбата со косовскиот премиер Курти.

Ова е вторпат во една недела Лајчак да доаѓа во Приштина.