Жосеп Борел – високиот претставник за надворешна политика на Европската унија синоќа изјави дека целосната забрана за влез на Руси во Унијата „не е добра идеја“.
„Не сум за запирање на издавањето визи за сите Руси“ – изјави Борел во интервју за австриската телевизија ОРФ.
Тој рече дека не верува оти прекинувањето на контактите со руските цивили ќе има позитивни резултати. Нагласи и дека не верува оти оваа идеја ќе ја добие потребната едногласна поддршка меѓу земјите членки.
Борел рече дека некои процедури за издавање визи за одредени групи Руси треба да се ревидираат, но отфрли целосна забрана.
„Мораме да бидеме селективни, не можеме да преземеме сеопфатна мерка“ – рече тој.
Виза издадена од која било земја овозможува пристап без пасош до сите 26 членки на Шенген зоната.