Борел: ЕУ е посветена на поддршка на Палестинците, Европската комисија испрати нова помош од 41 милион евра

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, денеска изјави дека Унијата останува верна на својата посветеност за поддршка на палестинскиот народ, наведувајќи дека Европската комисија (ЕК) испратила нова помош во вкупна вредност од 41 милион евра.

Борел на платформата Х напиша дека 25 милиони евра од таа сума се наменети за палестинската управа, а 16 милиони евра за Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (UNRWA).

Борел изјави дека со оваа последна исплата, ЕК од почетокот на оваа година испратила помош до UNRWA во вкупен износ од 66 милиони евра.