Борел: Го цениме прогресот на Северна Македонија на нејзиниот пат

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, денеска од Скопје порача дека иднината на Северна Македонија и нејзините граѓани е во рамките на Европската Унија и оти само заедно сме силни да се соочиме на тешката геостратешка околина во која се наоѓаме.

Досега, како што кажа, состаноците на ССА се одржуваа во Луксембург, а денеска за првпат воопшто го одржавме Советот за стабилизација и асоцијација во Скопје, бидејќи, како што кажа, сакавме да покажеме колку го цениме прогресот на Северна Македонија на нејзиниот пат.

Ова е, како што рече Борел на прес-конференција во Владата по одржувањето на 16-тиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Северна Македонија со кој претседаваше премиерот Димитар Ковачевски, јасен знак дека ЕУ ви се приближува и ви покажува дека Западен Балкан се и ќе продолжат во иднина да бидат важен дел од нашата геополитичка димензија.

Оливер Вархеји, евроамбасадор за проширување нагласи исто така дека е важно државата да не забави, туку да ја забрза својата работа на реформите. Најави забрзување на темпото на работата за пристап на земјата во ЕУ, но исто така нагласи дека треба „и Владата и Собранието да ја забрзаат работата на реформите“. Побара поддршка од граѓаните, бидејќи како што кажа на Европа и треба ваквата поддршка.

Премиерот Ковачевски го оцени состанокот како успешен и истакна дека Република Северна Македонија нема сомнеж дека оди по европскиот пат.

На прес-конференцијата изрази задоволство што е домаќин на 16. состанок по отворање на преговорите лани и оти бил направен пресек на состојбите, бил утврден направениот прогрес на земјата во подготвките за преговорите.

-Имаме целосна поддршка од ЕУ за успех во нашиот следен исчекор, рече Ковачевски додавајќи дека претставниците на ЕУ го поздравиле нашиот силен фокус кон реформите и усвојувањето на законодавството, рече меѓу другото Ковачевски.