Шефот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел, повика на истрага за смртоносното гранатирање кое беше оштетена канцеларијата на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) во Газа.
„ЕУ го осудува гранатирањето што ја оштети канцеларијата на МКЦК во Газа и доведе до десетици жртви. Потребна е независна истрага и мора да има нечија одговорност“, напиша Борел на X.