Рокерот Бора Ѓорѓевиќ, легендарниот фронтмен на Рибља Чорба, со денови е интубиран во Клиничко-болничкиот центар во Љубљана поради сериозни проблеми со белите дробови.
Неговата здравствена состојба дополнително се влоши, предизвикувајќи загриженост кај фановите и семејството. Веста дека Бора е приклучен на вентилатор и сместен во специјално одделение, каде посетите се строго забранети, шокираше многумина.
Сепак, сопругата на Бора – Дубравка има дозвола да биде со него во текот на целиот ден, поддржувајќи го во овие тешки моменти.
– Таму строго се забранети посети, а не е ни за посети, интубиран е. Сепак, на жената и беше дозволено да оди кај него кога сака и да остане колку што сака – рекол изворот, пренесува „Телеграф“.
Освен Дубравка, Бора има право да го посети и друго лице, но само додека траат посетите и тоа за еден час.
– Покрај сопругата, тој има право да го посетува уште едно лице дневно, но само еден час за време на посетите – вели изворот.