Бомба на НАТО и натаму му се заканува на Ниш
Штабот за вонредни ситуации издаде наредба за евакуација на дел од нишката населба Стеван Синѓелиќ поради отстранување на бомба која беше пронајдена на градилиштето на новиот дел на Научно-технолошкиот парк во Ниш.
Бомбата ќе биде отстранета во недела, а на таа локација останала од бомбардирањето на НАТО во 1999 година.
„Евакуацијата на населението ќе започне во недела наутро во 6 часот и ќе трае до 7 часот. Населбата Стеван Синѓелиќ ќе биде празна, без луѓе, без паркирани автомобили. Обезбедивме две големи паркинг места каде што луѓето од населбата можат да ги паркираат возилата“ – изјави градоначалникот на Ниш, командир на Штабот за вонредни состојби Драгана Сотировски.