Болничарка од Инфективна клиника заразена со „Конго-кримска треска“

Вработена на Инфективната клиника е хоспитализирана откако пројавила симтоми на „Конго-кримска треска“ , а предходно била во контакт со веќе почината 27 годишна Штипјанка касната од крлеж.

По девет дена и се појавиле првите симптоми главоболка, висока температура, болки во грбот, во зглобовите, болки во стомакот и повраќање.

Новозаразената пациентка се водела како контакт од среден ризик.

Според информации на тв Алфа, заразената во моментов е во стабилна состојба.

Од Министерството за здравство велат дека пациентот е хоспитализиран, а лицата со кои бил во контакт се ставени под надзор.

– Медицинско лице од Клиниката за инфективни болести во Скопје каде се лекуваше жената, е исто така позитивно на „Конго-кримска хеморагична треска“, а смртноста од оваа треска е 40%. Вработениот од Клиниката бил идентификуван како контакт со среден ризик и на деветтиот ден од надзорот пројавил симптоми и согласно добиените резултати од одделот на Институтот за јавно здравје е позитивен случај – потврдуваат од Министерството за здравство.