Болниците во Украина се соочуваат со инфекција која се смета за глобална закана

Американскиот центар за контрола и превенција на заразни болести (ЦДЦ) објави дека украинските здравствени установи се соочуваат со алармантно зголемување на бројот на лица со инфекции отпорни на антибиотици.

Отпорноста на антибиотици се јавува кога бактериите, вирусите, габите и паразитите не реагираат на лековите кои вообичаено ги третираат.

Американскиот центар порача дека ова е итна криза која мора да се реши.

„Се проценува дека отпорноста на антибиотици предизвикува повеќе смртни случаи ширум светот отколку ХИВ и маларијата и е препознаена како водечка глобална закана за јавното здравје“, велат од Центарот за јавно здравје на Украина.

Отпорноста на антибиотици е една од најголемите глобални закани за јавното здравје за СЗО. Се проценува дека овој отпор во 2019 година резултираше со смрт на неколку милиони луѓе ширум светот. Главната причина за оваа отпорност е злоупотребата и прекумерната употреба на антибиотици кај луѓето и во земјоделството.

Имено, Институтот за јавно здравје на Украина спроведе истражување во три регионални болници – Трнопоље, Хмелницки и Виница.

Од вкупно 353 пациенти кои биле опфатени во истражувањето, на 50 им била дијагностицирана инфекција која ја стекнале за време на престојот во здравствените установи.

Дури 60 отсто од заразените пациенти имале патоген отпорен на широк спектар на лекови. Пред војната имало шест проценти кои имале ваков тип на отпор.