Боливија го победи Бразил и се пласираше во плејофот за СП 2026

Репрезентацијата на Боливија го победи Бразил во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година со 1:0.

Репрезентацијата на Боливија го победи Бразил во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година со 1:0.

Натпреварот се одигра ноќеска на стадионот „Естадио Мунисипал“ во Ел Алто.

Единствениот гол го постигна Мигел Терсерос, реализирајќи пенал во 4. минута од дополнителното време во првото полувреме.

Бразилците квалификациите ги завршија на 5. место и се пласираа директно на Светското првенство во 2026 година.

Благодарение на победата над Бразилците, Боливија го освои 7. место, пред Венецуела, и ќе игра во плејофот за Мундијалот.