
„Боко Харам“ уби најмалку 60 лица во напад во Нигерија
Борци на нигериската џихадистичка група „Боко Харам“ убиле десетици луѓе при напад врз село во североисточна Нигерија, соопштија локални власти.
Борци на нигериската џихадистичка група „Боко Харам“ убиле десетици луѓе при напад врз село во североисточна Нигерија, соопштија локални власти.
Нападот бил извршен во петок навечер во селото Дарул Џамал, во административната област Бама, каде неодамна се вратиле жители кои претходно биле сместени во кампови за внатрешно раселени лица.
Жителот Мохамед Бабагана изјави дека вооружените напаѓачи убиле десетици. Гувернерот на сојузната држава Борно, Бабагана Зулум, кој го посети селото, потврди дека бројот на жртвите може да надмине 60.
– Се солидаризираме со жителите и организираме засилена безбедност, како и снабдување со храна и други неопходни производи, изјави Зулум.
Началникот на локалната управа во Бама, Моду Гуџа, соопшти дека биле запалени десетици куќи и над 100 луѓе биле принудени да избегаат.
Според Тајво Адебаjо, експерт за „Боко Харам“ од Институтот за истражување на безбедноста, нападот го извршила фракција на групата позната како „Џамаату Алис Суна Лидаауати уал-Џихад“.