Боки 13 пак и пиша на амбасадорката Агелер: Се надевам ќе ја увидите туртурата што се спроведува врз мене

Бојан Јовановски повторно и пиша на амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер информирајќи ја за новонастанатите состојби во врска со неговиот случај и тортурата, како и нечовечното однесување кое се врши врз него.

„Со оглед на мојата здравствена состојба за која ви ги испратив во прилог на претходното известување сите медицински докази во смисла на комплетна медицинска документација со која се потврдува мојата животно загрозувачка состојба, а сето тоа доведено во корелација со моето барање за прекин на издржување на казна затвор согласно законска одредба од Законот за издрзување на санкциите, ве информирам дека се уште не е постапено по моето истакнато барање до Основниот кривичен суд Скопје, односно се уште нема одлука во жалбената постапка по првостепеното решение ПК бр. 18/22 за кое изразив сериозен и основан сомнеж дека решението е антидатирано и фалсификувано (за основаноста на сомнежите ќе зборувам пред надлежен орган кога ќе бидам повикан и спроведен)“ – пишува во писмото на Боки 13.

Посочува дека од одбраната до Основниот кривичен суд се доставени отпусно писмо од Универзитетска клиника по хируршки болести во Скопје, специјалистички извештај од конзилијарен преглед, 11 потврди од Итната медицинска служба како и сецијалистички извештај од контролен преглед, направен на 1 март оваа година.

Истакнувајќи ги одлуките на Кривичниот суд за одбивање на барањето за прекин на издржување на казна, Јовановски во писмото пишува дека се надева оти амбасадорката ќе ја увиди тортурата што се спроведува врз него.

„Воедно во ова известување, ве информирам дека од моја страна како што веќе беше и најавено иницирана е кривично- правна операција со кодно име „Бумеранг“ пред ОЈО за ГОКК Скопје и во рамки на истото е оформен предмет од страна на јавниот обвинител Ислам Абази, па во тоа име до вас испраќам барање и неприкосновена замолница за помош од ваша страна и во најкус можен рок да ме посетите вие лично или делегирано лице од ваша страна во КПУ ИДРИЗОВО, бидејќи се соочувам со сериозни закани, уцени, негативни дејствија и појави од страна на поединци кои се директно засегнати од целата оваа актуелна состојба, а истите се со реална моќ и влијание. Во име на вашата императивна заложба за владеење на правото во нашата земја, во име на заштита на моите основни човекови права, а сето во рамки на вашите надлежности ве молам да постапите по ова известување и по мојата изразена замолница до вас и да ме посетите во најкус можен рок“ – пишува во писмото

Додава дека тој е жртва на системот, бидејќи говори гласно и го користи правото на јавно информирање на негативните појави и состојби.