Божиновска: Силна меѓуинституционална координација за успешна примена на Планот за праведна транзиција

- Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска истакна дека успешната имплементација во 2026 година бара силна меѓуинституционална координација, јасни улоги и активна вклученост на сите релевантни институции, со редовно известување за напредокот преку Советот и работните групи, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Советот за праведна транзиција денеска на седница го разгледа Годишниот план за имплементација на праведната транзиција за 2026 година.

Фокусот на дискусијата бил ставен на тоа планот да биде оперативен и имплементациски, со јасно дефинирани активности и проекти, одговорни институции, временска рамка, потребни ресурси и механизам за следење на напредокот.

– Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска истакна дека успешната имплементација во 2026 година бара силна меѓуинституционална координација, јасни улоги и активна вклученост на сите релевантни институции, со редовно известување за напредокот преку Советот и работните групи, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

На состанокот нагласено е дека Планот за 2026 е клучен документ за насочување на активностите во процесот на праведна транзиција и за исполнување на обврските на државата во рамки на Реформската агенда и Планот за раст, при што Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го координира неговото финализирање.

– По денешната дискусија и усогласување, Планот ќе биде подготвен за понатамошно формално усвојување, со цел државата да влезе во 2026 година со јасна насока, приоритети и засилен фокус на спроведување и резултати во рамките на зелената транзиција, најави МЕРМС.