Божиновска – Рокас: Поддршката од ЕУ клучна во процесот на енергетска трансформација на земјава
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска оствари работна средба со амбасадорот на Европската унија во Република Северна Македонија, Михаилис Рокас. Како што информираат од Министерството, разговорот бил посветен на реформските процеси во енергетскиот сектор, со посебен осврт кон ажурирањето на законодавната рамка и подготовката на нови стратешки документи.

Во соопштението се наведува дека на средбата биле посочени реализираните и планираните активности на Министерството во рамки на Реформската агенда, чија имплементација, како што велат, ќе продолжи со интензивно темпо.
Наведуваат дека на средбата посебно внимание било посветено на поддршката што Северна Македонија ја добива од Европската унија преку ИПА III програмската рамка. Велат финансиската и техничка помош во висина од 5,2 милиони евра ќе биде насочена кон јакнење на институционалните и оперативните капацитети за водење ефективна енергетска политика и справување со климатските промени, како и кон подготовка на подзаконски акти, соработка со општините и анализа за спроведување на зелената транзиција.
– Европската унија е стратешки партнер на нашата земја во процесот на енергетска трансформација. Поддршката што ја добиваме преку ИПА инструментите е од суштинско значење за да изградиме поефикасни институции, да го унапредиме законодавството и да обезбедиме одржлива и сигурна енергетска иднина за граѓаните, истакнала министерката.
Во своето обраќање Божиновска истакнала дека Европската унија е стратешки партнер на нашата земја во процесот на енергетска трансформација. Според министерката, поддршката што државата ја добива преку ИПА инструментите е од суштинско значење за изградба на поефикасни институции, да го унапредиме законодавството и да обезбедиме одржлива и сигурна енергетска иднина за граѓаните, истакна министерката Божиновска.
Средбата, додаваат, потврдила дека Европската унија останува клучен сојузник на земјава во реализацијата на зелената енергетска транзиција и исполнувањето на климатските цели.