Божикната елка во Витлеем првпат осветлена од почетокот на војната во Појасот Газа

Во текот на двете години војна во Појасот Газа, сите јавни прослави на Божиќ беа откажани во Витлеем на окупираниот Западен Брег, каде што христијаните веруваат дека е роден Исус.

Градот Витлеем одлучи по две години пауза да постави и осветли божиќна елка и да го обнови одбележувањето на празникот со сите свечености.

Во текот на двете години војна во Појасот Газа, сите јавни прослави на Божиќ беа откажани во Витлеем на окупираниот Западен Брег, каде што христијаните веруваат дека е роден Исус.

Меѓутоа, по неодамнешното примирје, властите на Витлеем одлучија оваа година да ги вратат божиќните свечености, а тоа е и осветлувањето на традиционалната, џиновска божиќна елка пред црквата Христово раѓање.

– Тоа беа две лоши години на тишина. Немаше Божиќ, немаше работа, рече градоначалникот на Витлеем, Махер Канати, и додаде дека жителите живеат од туризам, а туризмот бил сведен на нула.