Богоев: Во добар дел царинската управа е усогласена со Регулативата на Европската Унија

„Чекаме на извештај на Скринингот, Поглавјето 29 директно се однесува на Царинската управа. По тоа што сум информиран, во добар дел царинската управа е усогласена со Регулативата на Европската Унија. Сега развиваме транзитен систем на Царинската управа, којшто ќе влезе во петта фаза следната година, и е комплентно е усогласен со европската регулатива. Тоа значи дека вие можете да отворите транзитна постапка оттука и да ја затворите во Германија, во Хамбург, во целата траса да си имате транзитна постапка, бидејќи истиот систем го користиме и ние со Европската Унија бидејќи сме дел од истата конвенција и го следиме трендот“, истакна Стефан Богоев, директор на Царинската управа на интервјуто на Фротнлајн.

Тој дополни дека ја очекува имплементацијата на камерите со вештачка интелигенција коишто ќе бидат на границите, бодикамерите, секторот за посебни истражни мерки. Сето претходно наведено претставува усогласува со Регулативата на ЕУ.

„Во зависност од динамиката на другите земји, меѓутоа кога ќе ја земете предвид ситуацијата со Косово, огромна е веројатноста во даден момент, се надевам во 2030 година, македонско-косовската граница да биде граница на Европската Унија. Тогаш ние ќе треба да бидеме на фронтот на Европската Унија. Ние ќе треба да ја штитиме границата на Европската Унија. Ние мораме да бидеме комплетно хармонизирани и спремни за тогаш да бидеме браникот на Унијата, заклучи Богоев.