Богатите станаа уште побогати – плус од 402 милијарди долари во 2021. година
Десетте најбогати луѓе во светот минатата 2021 година се збогатиле за дополнители 402 милијарди долари, покажуваат податоците на „Блумберг“.
Финансиски најдобра минатата година била за Илон Маск, основачот на Tesla и SpaceX. 2021 година ја започнал со 156, а ја завршил со 277 милијарди долари на сметката.
Веднаш зад него е Џеф Безос, сопственикот на Амазон. Тој во новата 2022 година влегува со 190 милијарди долари, дополнителни 4,5 милијарди повеќе од минатата година.
Сопственикот на Фејсбук – Марк Закерберг лани заработил 25 милијарди долари, па сега неговото богатство се проценува на 128 милијарди долари.
Првата „десетка“ на оваа престижна листа ја сочинуваат основачот на Мајкрософт – Бил Гејтс (132 милијарди долари), па следува ко-основачот на Гугл – Лери Пејџ, неговиот колега Сергеј Брин, па Бернар Арно…