Богатите Кинези „се тепаат“ за луксузни часовници
„Фајненшл тајмс“ известува дека кинеските инвеститори кои до неодамна вложуваа во секторот на недвижности, сега го насочуваат своето внимание кон луксузни стоки, особено скапи часовници.
Информациите од неколку продавачи на часовници од високата класа велат дека бизнисот почнал да добива на интензитет во последниве месеци бидејќи богатите поединци ги трошеле парите на луксузни часовници, пред се „Rolex“ и „Patek Philippe“.
Поради тоа, за 40% е зголемен кинескиот увоз на швајцарски часовници во првите 10 месеци од оваа година.
Во октомври истражувањето покажало дека на 1.500 возрасни Кинези со повеќе од 78.370 долари годишен приход на домаќинството, спроведено од консултантската компанија CSG Intage со седиште во Хонг Конг, покажа дека 88 отсто од испитаниците планираат да ги задржат или зголемат трошоците во следните 12 месеци за луксузни часовници, што чинат во просек од 76.700 јени.