Блумберг јавува – ЕУ треба да предложи одложување на ограничувањата за увозот на руска нафта!
Европската Унија треба да предложи одложување на ограничувањата за увозот на руска нафта од клучниот нафтовод во обид да ги задоволи унгарските приговори и да постигне договор за блокираниот пакет санкции. Да се достави ревидиран предлог со кој привремено ќе се поштедат испораките на нафта преку гигантскиот нафтовод „Дружба“ од поширока забрана за испорака, јавува Блумберг цитирајќи извори во ЕУ.
„Со предлогот првично би се укинале само испораките преку море, а подоцна би се проширила и испораката од „Дружба“ откако ќе се најде техничко решение што ги задоволува енергетските потреби на Унгарија и другите нации главно без излез на море“ наведуваат изворите.
Испораките преку море сочинуваат две третини од увозот на руска нафта.
Некои земји-членки се залагаат за постигнување договор пред лидерите на ЕУ да се сретнат в понеделник во Брисел за да разговараат за војната во Украина.
Предлозите не се финализирани и може да се променат пред да бидат изнесени и договорени од земјите-членки. Пакетот санкции бара поддршка од сите земји-членки.
ЕУ претходно предложи постепено укинување на увозот на руска нафта до почетокот на следната година.
Најголемиот дел од испораките на гасоводот се во Германија и Полска.