Блумберг: Руската економија ја доживува најлошата рецесија од 1994 година
Блумберг пишува дека руската економија ја доживува својата најлоша рецесија од 1994 година, со пад на БДП од 20 отсто во 2022 година. Ова е резултат на западните санкции.
„Според Министерството за финансии, Русија се соочува со најдлабоката економска рецесија во речиси три децении како резултат на зголемените санкции воведени од САД и нивните сојузници“ – јавува агенцијата повикувајќи се на прогноза на руското Министерство за финансии за домашна употреба.
Бруто домашниот производ во 2022 година во Русија ќе се намали за 12 проценти што е повеќе од очекуваниот пад од 8 отсто од Министерството за економија.
ЉГлавните минуси се ембаргото за нафта, откажувањето на рускиот гас од страна на ЕУ, како и повеќе странски компании што ја напуштија земјата … Сето ова веројатно постепено ќе се прошири и многу негативности ќе бидат пренесени во 2023 година“ пишува Блумберг.
И без сегашните санкции, се очекува руската економија да се намали за 10,8 отсто во 2022 година и за околу пет проценти во 2023 година.
Европската унија подготвува шести пакет санкции против Русија.