Блокада за воздух – Скопјани ја стопираа клучната раскрсница: Вечерва беше само предупредување

Група граѓани вечерва организираа предупредувачка блокада на една од најфреквентните сообраќајници во Скопје, барајќи итни и конкретни мерки за чист воздух.

Група граѓани вечерва организираа предупредувачка блокада на една од најфреквентните сообраќајници во Скопје, барајќи итни и конкретни мерки за чист воздух.

Сообраќајот беше целосно блокиран на раскрсницата меѓу булеварите „Србија“ и „Борис Трајковски“ (поранешна Првомајска). Со транспаренти и пораки до надлежните, граѓаните порачаа дека трпението им е при крај, додека градот се гуши во смог.

Организаторите упатија јасна порака до институциите:

„Вечерва беше само предупредување. По завршувањето на празниците, протестите ќе продолжат со поголем интензитет и масовност, сè додека не се преземат конкретни мерки против загадувачите.“

Протестот е најавен како мирен, но решителен, а граѓаните бараат итна дислокација на цементарницата за да се заштити јавното здравје. Иницијативата ја поздрави одлуката на градот Скопје да го откаже огнометот за централната новогодишна прослава поради загадениот воздух и апелира институциите сериозно да се позанимаваат со овој проблем.

ТИТАН Усје: Нападот врз компанијата е неоснован, работиме согласно стандардите и не ги надминуваме законски дозволените лимити