Блогерот во Санкт Петербург го убила Русинка која се противи на војната

Приведена е Дарја Трепова (26), жителка на Санкт Петербург, осомничена за убиство на пропагандистот Владлен Татарски, објавија руските медиуми Интерфакс и Фонтанка.

Според анонимни извори на кои се повикуваат медиумите, истражителите веруваат дека Трепова во кафулето донела кутија со биста за Татарски, во која имало експлозивна направа.

„Таа и беше од претходно позната на полицијата, бидејќи ја приведе на мировниот протест на 24. февруари минатата година“, пишува Фонтанка.

Потоа добила 10-дневен притвор, додека на нејзиниот сопруг деветдневен притвор поради носење на транспарент. И сега му се изгуби трагата.

Еден од сведоците раскажал што се случило пред експлозијата.

„Таа му подари статуа, тој и се заблагодари. Таа седна на околу три метри, по 5 минути се случи сè. Тие што седеа во првите редови починаа”, рече тој.

Во експлозијата се повредени 32 лица.

Чуварот на влезот ја забележал кутијата во која била статуата и и забранил на девојката да ја внесе, но сепак таа успеала да го убеди Татарски да дозволи да влезе со кутијата, раскажуват сведоци.

Девојката на штандот му кажала на Татарски дека има подарок за него, по што извадила кутија со позлатена биста која не личела на Татарски, велат очевидци.