Блинкен: Членките на НАТО имаат „зелено светло“ да испратат борбени авиони во Украина

Ентони Блинкен – американскиот државен секретар изјави дека земјите-членки на НАТО имаат „зелено светло“ да испратат борбени авиони во Украина.

„Разговараме со нашите полски пријатели за тоа како можеме да помогнеме ако одлучат да ги обезбедат тие авиони на Украина и како можеме да им помогнеме да ги заменат авионите што ги испратија во Украина“ – рече Блинкен на прашање дали Полска може да испрати борбени авиони во Украина.

Портпаролот на Белата куќа претходно изјави дека американската администрација ја разгледува можноста да и надомести на Полска за авионите доколку таа одлучи да испрати борбени авиони во Украина, но истакна дека има неколку прашања во врска со тоа, вклучително и како авионите би можело да се префрлат од Полска во Украина.