Ентони Блинкен -американскиот државен секретар изјави дека војната во Украина е далеку од завршена и покрај повлекувањето на руските војници од околината на Киев.
„Русија ги прераспоредува своите сили за да продолжи со нападите во источна и јужна Украина“ – истакна Блинкен.
Тој посочи дека САД, нивните сојузници и партнери мора да ја зголемат воената помош додека Украина „се подготвува за следната фаза од борбата за својата слобода и иднина“.
„Се обидуваме што повеќе да ја зајакнеме позицијата на Украина во преговорите и да го зголемиме притисокот врз Путин“ – наведе Блинкен.
Според него, САД и меѓународната заедница ќе ја претворат војната, иницирана од рускиот претседател Владимир Путин, во долгорочен стратешки неуспех на Кремљ.