
Близу 100 луѓе загинаа во поплавите во Пакистан
Најмалку 97 луѓе загинаа, а над 4,4 милиони се погодени од неодамнешните поплави во источната пакистанска провинција Пенџаб, соопшти Покраинската управа за управување со катастрофи (ПДМА).
Најмалку 97 луѓе загинаа, а над 4,4 милиони се погодени од неодамнешните поплави во источната пакистанска провинција Пенџаб, соопшти Покраинската управа за управување со катастрофи (ПДМА).
Според податоците на ПДМА, поплавите предизвикани од високото ниво на водата во реките Рави, Сатлеџ и Ченаб оштетија над 4.500 села низ провинцијата.
Властите соопштија дека досега речиси 2,5 милиони луѓе се преместени на побезбедни места во рамките на тековните операции за спасување и помош.
Во погодените области се поставени вкупно 396 кампови за помош, а околу 1,9 милиони грла добиток исто така се евакуирани, соопшти ПДМА.
Напорите за помош продолжуваат, додека властите работат на обезбедување сместување, храна и медицинска поддршка за раселените заедници и спречување на натамошни загуби, се додава во соопштението.
Според официјалната статистика, низ целата земја од крајот на јуни, поради сезонските дождови и поплави, животот го изгубиле најмалку 956 луѓе.
Над 8.400 куќи се уништени или оштетени, а повеќе од 6.500 грла добиток настрадале низ целата земја.