Блатер со обвинувања кон Инфантино

Поранешниот претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Сеп Блатер упати многу и жестоки критики до неговиот наследник Џани Инфантино. Тој го смета Инфантино за најодговорен што „фудбалот е продаден на Саудиска Арабија“. 

Блатер смета дека сепак проблемот е што нема „отпор“ на погрешните идеи во ФИФА (како на пример Светското клупско). Истотака напоменува дека отсуството на дискусии на конгресите е сериозен проблем и дека никој ништо не дискутира и се е електронски.

Осврнувајќи се на актуелното Светско клупско првенство Блатер, потенцираше дека малку се внимава на здравјето на фудбалерите, дека играат истите клубови, истите играчи, а понекогаш играат и на високи температури.