Мишел Платини – поранешниот претседател на УЕФА и некогашниот прв човек на ФИФА – Сеп Блатер денеска се ослободени од обвинувањата за корупција по пресудата на Федералниот криминален суд во Белинцона, Швајцарија.
Тужителите го обвинија Блатер дека противправно и овозможил на ФИФА да му плати два милиона швајцарски франци на Платини во 2011 година.
Швајцарецот, кој цели 17 години беше на чело на ФИФА, тврдеше дека тоа бил џентлменски договор меѓу него и Платини и дека Французинот ги добил парите за консултантски услуги од 1998 година.
Платини и Блатер во 2015 година беа исфрлени од фудбалот на 8 години, но казната подоцна им беше ублажена.
Французинот тврдеше дека аферата му е подметната за да го оневозможи да се кандидира на изборите за претседател на ФИФА. Наместо него, се кандидира тогашниот генерален секретар на УЕФА, Џани Инфантино кој денеска е на чело на Светската фудбалска асоцијација.
„По седум години на лаги и манипулации, правдата е, конечно, задоволена. Мојата борба е борба против неправдите. Ја добив првата битка“ – изјави Платини по одлуката на судот.