Бијонсе и Џеј Зи уживаат на одмор на Јадран
На хрватското крајбрежје, во Цавтат деновиве атракција е огромната јахта на која одмора познатиот пар Бијонсе и Џеј Зи.
Хрватските медиуми пишуваат дека раперот повеќе „се излежувал“, а Бијонсе, очигледно постојано шетала.
Тие на јахтата се со трите деца, а можеше да се забележи дека покрај послугата има и телохранители и дадилки. Не е првпат музичките ѕвезди да се во Хрватска. Тие во 2009 година беа фотографирани во Дубровник и Цавтат.
Нивната јахта завчера се упатила кон Корчула, каде што одат при секоја посета, а се верува дека како и секојпат кога се во Хрватска, ќе го посетат и малиот остров Врник.
View this post on Instagram