Битолчанка се отрула од плин во сопствената бања

Како последица на труење од плин починала 34-годишна жена од Битола. Нејзиното ело било пронајдено во бањата од нејзиниот стан. И покрај обидите на екипата на итната помош, а потоа и на битолската болница да ја реанимираат, веќе било доцна.

Од МВР велат дека телото на битолчанката било пренесено во болницата без видливи траги на насилство.

По наредба на обвинител извршена е обдукција.