Битолчани торпедирани на гостувањето во Загреб

Петти меч во Лигата на шампионите и петти пораз за македонскиот шампион Пелистер, битолскиот тим овојпат загуби на гостувањето кај Загреб со 27-18.

Пелистер во најголемиот дел од мечот беше рамноправен противник со Загреб, многупати и водеше во текот на мечот, но во Битола се враќа со убедлив пораз поради големиот пад во последните 15 минути од натпреварот.

Во првиот дел двата тима се менуваа во водство, највисоката предност на Загреб беше два разлика, а Пелистер трипати имаше гол предност. На одморот се замина со нерешени 10-10.

Второто полувреме почна исто, неизвесно, се менуваше водството на двете страни. Следуваше црвен картон на Костески поради удар во глава на Дибиров, брзо потоа поради три исклучувања црвен доби и Петровиќ, по што почна падот на пелистерци. Беше 16-16 кога Загреб ја почна серијата со која дојде до високата победа. До крајот на мечот домаќините дадоа 11 голови, а Пелистер само два. Конечниот резултат беше 27-18.

Најефикасен кај Пелистер беше Борзаш со три голови, Сери, Пешевски, Васиљев и Радивојевиќ постигнаа по два погодоци, во составот на Загреб Кош и Кавачиќ постигнаа по пет погодоци, Дибиров даде три.

Следниот натпревар на Пелистер во Лигата на шампионите е на 25. октомври кога во Битола доаѓа Кјелце