Битолчанец во својата куќа го убил поранешниот зет

Утринава околу 6 часот полицајци го уапсиле битолчанецот Т.Ѓ. (62) кој утрово во ходникот од својата куќа со пиштол пукал и го усмртил С.С. (44) кој починал на лице место.

Според она што е пријавено во МВР, С.С. претходно, со употреба на сила, влегол во куќата на Т.Ѓ. и со остар предмет (мачета) и се заканувал на ќерката на Т.Ѓ., која била негова поранешна сопруга.

Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт, а увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Битола.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.