Битиќи: Тврдам дека ако остане СДСМ на власт, во март 2025 минималната плата ќе биде 30 илјади денари

„Синдикатите немаат понуда од никој друг освен од нашата партија колку ќе биде минималната плата. Очигледно не сакаат да се врати минималната плата од времето на ВМРО, викаат треба да биде 450 евра“ рече вицепремиерот и коносител на листата во ИЕ2 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Фатмир Битиќи во дебатата на „Само вистина“ со пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска.

Тој додаде дека ова е едно од клучните барања на синдикатите испратени од вчерашниот марш на Денот на трудот.

„Еве јас им тврдам дека останувањето на СДСМ на власт, во март 2025 година ќе донесе минимална плата од 30 илјади денари за синдикатите, тогаш кога ќе влезе во употреба новиот општ колективен договор“ рече Битиќи.