„Јас со сигурност тврдам дека тоа што го нудиме на овие избори е далеку подобро од целата политичка програма на опозицијата и од ВМРО-ДПМНЕ која е на располагање на граѓаните затоа што ако ја гледате парламентарната кампања во суштина нема понуда за граѓаните туку има празни зборови. Една единствена е понудата, дали во албанскиот спектар дали во македонскиот спектар а тоа е национализам и кој ќе биде поголем националист и во суштина тоа е тоа што се спрема кај граѓаните. На граѓаните им е сосема јасно дека квалитетот на животот не се подобрува со национализам туку се подобрува со патриотизам, патриотизам се покажува со дела а не со празни зборови. На 8 мај ќе победат граѓаните затоа што ќе се изборат за подобар квалитет на живот, за подобра понуда“, рече Фатмир Битиќи вицепремиерот за економски прашања и кандидат за пратеник во втората изборна единица во интервју на Слободен печат.
Тој додаде дека ако се споредат програмите на опозициските политички партии, јасно е дека нивната програма е штура и недоволно прецизна.
„Викаат ќе видиме кога ќе дојдеме на власт што ќе правиме. Деновиве слушнав изјава дека можеби ќе не ископираат од СДСМ и затоа не сме ги покажувале моделите. Не, драги мои сограѓани, они не знаат како треба да се направи. Ги прашуваат како треба да се направи, како ќе го спроведат едно од ветувањата, немаат многу ветувања и можеш многу лесно да ја прочиташ нивната програма во едно читање. Едно од ветувањата е покачување на пензијата од 5.000 денари, линеарно зголемување. Сите економисти буквално опозициски или позициски настроени се плашат од едно такво ветување. Како тоа ќе го направите? Ќе видиме кога ќе дојдеме на власт“, вели Битиќи.
Тој додаде дека се радува што е претставник на политичка партија којашто стана партија на исполнување на ветувањата наспроти партија којашто беше позната со спроведуваме на работите а станала партија на „ќе“.
„Ги сменивме улогите, ВМРО-ДПМНЕ е партија на „ќе“, ќе продолжи веројатно да им кажува на граѓаните ќе видиме што и како кога ќе дојдеме на власт“, заклучи Битиќи.