Битиќи: Сите да помогнат за надминување на енергетската криза
Сите да се однесуваме разумно и секој кој има можност да влијае кон тие кои можат да помогнат врз состојбата со енергетската криза, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, при денешната посета на Струмица.
Во одговор на новинарско прашање вицепремиерот рече дека ја разбира загриженоста на стопанството поради високата цена на струјата и истакна дека се обидуваат да најдат дополнителни извори на електрична енергија, со оглед дека дел од стопанството е на либерализираниот пазар.
Владата, дополни, подолг временски период ја субвенционира електричната енергија за 80 отсто од реалната цена кои би требало да ја плаќаат граѓаните. За жал, посоочи, останува еден сегмент од стопанството којшто во овој момент останува на либерализираниот пазар. Таму се обидуваме да најдеме дополнителни извори на електрична енергија коишто преку различни начини на поддршка од страна на Владата ќе дојде до крајните корисници, а тоа се стопанството по далеку пониски цени од берзанските цени, рече Битиќи.
Тоа, појасни, зависи од крајот на преговорите што ги вршиме со Република Бугарија, затоа што тие се една од земјите коишто имаат суфицит во производство на електрична енергија и секако со внатрешните капацитети коишто се во приватна сопственост за да ги заокружиме.