Битиќи: Правиме напори да обезбедиме за приватниот сектор двапати пониска цена од моменталната

„Сите приватни корисници и домаќинства на регуларниот пазар ќе имаат електрична енергија од Електрани на Македонија“.

Ова меѓудругото во гостување на МТВ го истакна потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи.

Тој нагласи дека штедењето е императив на сите.

„Ние уверуваме дека цената на струјата до крај на годината е таа, а внесувањето на обрзазовните институции и здравствените установи, на регулираниот пазар нема да значи зголемување на цената на грбот на граѓаните“ – истакна Битиќи.

Нагласи дека мора да се осигура непречено одвивање на образовниот процес и здравствените установи. За цената на струјата за стопанството, Битиќи истакна дека владата води преговори во регионот, за да се увезе електрична енергија по цена помала од берзанска, како и енергенси за производство на струја.

„Она што е битно за приватниот сектор е дека правиме напори да им обезбедиме два пати пониска цена од моменталната“ порача тој.

Нагласи дека скопјани на 15 октомври ќе добијат топлинска енергија.