„Бев дел од бизнис заедницата и ја претставував и велам дека често има некоретно однесување во начинот на работење, на сметка на граѓаните“ рече вицепремиерот за економски прашања во неговото гостување на ТВ Шења.
Тој додаде дека сега од позиција на вицепремиер вели дека тоа не може повеќе да се толерира, особено кога е неправилно, неморално, неетичко во време на енергетска, економска и здравствена криза.
„Гледате дека само мала група на бизниси, не сите, прават луди покачувања на сметка на граѓаните. Имаме поплаки од граѓаните, па мислам дека воведувањето на Законот за нефер трговски практики дојде во вистински момент“ рече Битиќи.
Вицепремиерот додаде дека законот е согласно новата директива на ЕУ, која ги става граѓаните во позиција да се заштитат од некоректното однесување на трговците.