Битиќи: На Долнени му треба Синани, градоначалник кој ќе обединува и ќе решава проблеми

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, денес се обрати пред жителите на Житоше, изразувајќи ја својата силна поддршка за кандидатот за градоначалник на Долнени, Исуф Синани. Битиќи испрати пораки за единство, чесност и вистинска грижа за граѓаните, без разлика на етничка или партиска припадност.

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, денес се обрати пред жителите на Житоше, изразувајќи ја својата силна поддршка за кандидатот за градоначалник на Долнени, Исуф Синани. Битиќи испрати пораки за единство, чесност и вистинска грижа за граѓаните, без разлика на етничка или партиска припадност.

„Ја дадовме поддршката за Исуф Синани, не затоа што е ‘наш’, туку затоа што е на страната на јавниот интерес, на чесноста. Човек што слуша пред да зборува, што гради мостови пред да бара изговори. Со него, успехот ќе се мери со решени проблеми, а не со аплаузи, со фер однос кон секое село, независно дали е големо или мало, дали во него живеат Македонци, Албанци, Турци или Бошњаци,“ порача Битиќи.

Битиќи ја нагласи важноста на основните услови за достоинствен живот, особено во руралните средини како Житоше:

„Знам дека овде се живее од земјата, од нивите, од тутунот, од трудот на семејството. Кога има вода за наводнување, пат до нивата, правичен откуп и навремена исплата, тогаш има достоинство. Тоа е мерката за квалитетен живот. И тоа е општина што не прашува ‘чиј си’, туку ‘кој ти е проблемот кој треба да го решиме?’“ потенцираше Битиќи.

Тој потсети дека социјалдемократската идеја не дели по етникум, знаме или партиска книшка, туку таа спојува околу три столба: чесност, одговорност и еднакви можности.

„Сè друго е евтин маркетинг што крие неспособност и корупција, и тоа на овие избори, во оваа општина нема да помине,“ порача Битиќи.

„Знам што значи кога дождот ќе престане, а калта ќе остане, и кога со месеци чекате прегорена улична светилка да се промени. Тоа мора да се смени. На Долнени му треба градоначалник што ќе служи на заедницата, независно од тоа кој и каков е, што ќе ја отвора општината кон секое домаќинство, што ќе ги решава проблемите, а таков градоначалник може да биде Исуф Синани,“ рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи.