Битиќи најавува увоз на работници од странство

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи најавува увоз на работна сила во земјава од странски земји, првично од регионот.

-Да, фокусот првично е кон Западен Балкан, но ние системски размислуваме за решение на потребите. Во делот на „Отворен Балкан” првиот чекор е веќе направен. Останува деновиве во Собрание да се ратификува и законското решение за единствен идентификациски број, односно единствен матичен број кој би овозможил за работниците од регионот на овие три држави, Србија, Албанија и Северна Македонија, да се пријавуваат во Агенција за вработување како домашен граѓанин, да добијат работна дозвола и да дојдат да работат тука, изјави Битиќи во интервју за ДВ.

Тој не ја исклучил можноста и за увоз на работници од Кина, ако има потреба и општа согласност.