Битиќи најави реакција од институциите за компании кои некоректно зголемија цени

Некоректен е односот кон граѓаните на компаниите кои ги зголемија цените. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи рече дека е неприфатливо за 24 часа цената да порасне за 20 отсто кога производствената цена не може да порасне 20 отсто за истото време и дека многу брзо ќе следи реакција од институциите.

„Сметам дека тоа е само манипулација што ја прават кон нашите граѓани и за тоа секако соодветно треба да реагираат инспекциските служби. Јас очекувам набргу извештај од инспекциските служби со мерки за сите коишто тоа го имаат направено“, посочи Битиќи.