Битиќи: И по 1. јануари ќе имаме најниска цена на струја во регионот
Вицепремиерот за економски прашања – Фатмир Битиќи убедува дека цената на електричната енергија по 1. Јануари 2022 година нема да се зголеми за толку колку што тврдат некои и порачува дека и тогаш ќе биде најниска во регионот.
„Гарантирам дека во јануари цената нема да се покачи на ниво на кое одредени медиуми или, пак, поединци сакаат да го покажат за да креираат страв кај народот. Ние како што докажавме на 1. јули и на 1. јануари ќе докажеме дека цената ќе биде се уште најниска во целиот регион и ќе обезбедиме доволно електрична енергија за да продолжи да тече нормалниот живот онака како што треба“ – изјави Битиќи.