Битиќи: Имаме ситуации кога треба да направиме чекор за доброто на државата

„Сметам дека во нашето општество е дојдено времето да зборуваме за личности, за лична одговорност, наспроти колективна одговорност, да се криеме позади одреден колективизам, да креираме стереотипи и предрасуди за одредени колективи. Прашањето во тој момент на начин на каков што беше поставено беше под превезот на еден колектив, истакна вицепремиерот за европски прашања Фатмир Битиќи во „Само интервју“ на Канал 5.

Тој додаде дека во тој момент како човек кој касно влегол во политиката, вредносно изграден како човек, неговите деца ги учи на одредени вредности – да живеат, да си ја сакаат татковината секојдневно и призна дека тешко му паѓа кога некој ќе му постави прашање дали неговите деца затоа што се Албанци ќе можат без никаков проблем независно дали се во политичка партија или не да го дадам максимумот за својата татковина.

„Јас во животот никогаш не работам под претпоставки ниту хипотези, дека нешто може да се случи. Ние веруваме многу дека општеството е доволно развиено да не креира ситуации во коишто нема да избереме претседател, дека претседател ќе биде избран. Но, не е битно некој од каде доаѓа, битно е кој е човекот којшто ќе биде на позицијата којашто евентуално ќе ја преземе“, потенцираше Битиќи.

Тој додаде дека од таа причина смета дека дискурсот, превезот на колективизмот треба да се заборави.

„Кога е добро може да биде Фатмир Битиќи – а кога веројатно за нешто што е креиран одреден стереотип дека не би требало некој од друга етничка група да биде, тогаш може да биде проблематично. Пораката е „Лична одговорност, личност наспроти колективизам“.