Битиќи: Извештајот на ЕУ е слика за Владата на Македонија – ксенофобична со балканска матрица

Влада која што политичкиот капитал го гради со ксенофобични наративи и провинцијален балкански комодитет не може да испорача резултати што Европската Унија ги признава, вели пратеникот Фатмир Битиќи.

Влада која што политичкиот капитал го гради со ксенофобични наративи и провинцијален балкански комодитет не може да испорача резултати што Европската Унија ги признава, вели пратеникот Фатмир Битиќи.

„Кога политичките и економските ставови веќе 18 месеци се кројат на таква матрица, институциите стануваат имуни на реформи, а јавните пари се претвораат во алатка за создавање на краткорочна лојалност наместо за овозможување на долгорочна економска вредност која ќе биде ослободена во државата. Овој вредносен дефект е последица на систем кој го подрива владеењето на правото, ја еродира меритократијата и ја замаглува системската транспарентност, односно власта покажува промашување во сегментите во кои ЕУ ги мери најважните перформанси на државата“, предупредува Битиќи.

За Битиќи, извештајот на ЕУ не е изненадување и тој го регистрира токму тоа и што се случува, што сите го знаеме и препознаваме, а тоа е дека нема напредок во судството и антикорупцијата, со нарушена независност на правосудниот систем, кадровски дефицит и системски слабости што бараат јасни потези, како што е нов Закон за парнична постапка, јакнење на Судскиот совет во согласност со препораките на Венецијанската комисија и целосна функционалност на АКМИС.

„Иако земјата одржува висока усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, што е стратешки плус, сепак домашната реформска стагнација и изолација го неутрализира позитивниот геополитички сигнал кон ЕУ“, додава Битиќи.