– Ништо не е променето во функционирањето на ВМРО ДПМНЕ – ниту од периодот кога беа во опозиција изминатите 7 години, а ниту од 11те години режим предводен од бегалецот во Будимпешта. Се обидуваат со лажни и перфидни објави да ја доведат јавноста во заблуда и потоа истите тие таканаречени информации ги споделуваат преку нивната армија од ботови по социјалните мрежи со цел оцрнување на СДСМ и прикривање на сопствената неспособност за водење на државата на транспарентен и домаќински начин, пишува во објава на социјалните мрежи пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи.
Мојата колешка Бисера Костадиновска Стојчевска, истакнува Битиќи, не е единствената која е мета на нивните директни напади – тоа го прават и со Славјанка Петровска и ќе го прават и со многу други.
„Н, вистинската причина за сите овие напади не се измислените скандали, туку тоа е потребата да ја дефокусираат јавноста од сериозните забелешки од страна на Платформата на граѓанските организации за борба против корупција за нетранспарентност и обиди за криење на коруптивни дејствија со исклучувањето на функционалноста на алатката „Отворени финансии“ и со блокирање на пристапот до податоците за државните тендерски постапки од Бирото за јавни набавки. Заплашувањето е стара авторитарна метода која што и во најтешкиот режим не дала резултат, а ниту сега нема да ни ја одземе слободата и нема да нè замолчи!“, пишува во објавата Битиќи.