Бислимоски: Евтина дневна тарифа ќе има од 1 декември, од 13 до 15 часот
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ја информира јавноста дека дневна евтина тарифа ќе стартува од 1 декември годинава.
Електродистрибуција има рок од четири месеци да ги усогласи сите 700 илјади броила за домаќинствата.
„Евтината дневна тарифа ќе им биде достапна на ситедомаќинства од 1 декември во периодот од 13 часот до 15часот. Водејќи се од принципот на заштита на потрошувачите, а согласно направените анализи кои укажуваат дека декември е месецот кога се зголемува потрошувачката на електрична енергија, ја задолживме Електродистрибуција во овој рок да ги усогласи сите броила. Четири месеци се доволни за да се направат сите технички усогласувања со системот за пресметка и фактурирање и соодветниот софтвер“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.